More

    Клубот ќе го обжали одбивањето пред суд

    spot_img

    Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ извести дека им била одбиена регистрација откако на 7 февруари до Агенцијата за регистрација во Благоевград, Бугарија, ги доставиле основните документи на истоименото здружение.

    – Ова одбивање ќе го обжалиме пред судот. На 10 февруари добивме решение за одбивање на регистрацијата, што значи дека на нашето здружение му е ускратена легитимноста и е забранета – се вели во пораката потпишана од Атанас Мазнев.

    Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ – Благоевград“ беше отворен по приватна иницијатива на крајот на октомври лани, а неодамна беше скршен излогот на клубот и беа приведени четири лица во врска со инцидентот. Целите на здружението, декларирани од клубот, се: „културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“.

    – Сметаме дека ова одбивање е непринципиелно. Во одбивањето е цитиран единствен правен текст – од Уставот на Република Бугарија – чл. 12, ст. 2, дека здруженијата на граѓани не можат да поставуваат политички цели и да вршат политички активности, кои ние, како што може да се види од горенаведените цели, не само што сме ги запазиле, туку дополнително сме напишале експлицитно во статутите кои нашето здружение ги нема за целта на вршење политичка дејност. Сепак, имаме одбивање за регистрација – додаваат од клубот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img