Ѕвездата на реалното шоу ќе го добие детето со помош на сурогат мајка, а татко е кошаркарот Тристан Томпсон. Тие раскинаа пред извесно време поради неговото неверство.
Странските медиуми пишуваат дека Клои Кардашијан и кошаркарот на тимот на Чикаго Булс, Тристан Томпсон, наскоро ќе бидат среќни со своето второ дете. Заедно ја имаат 4-годишната ќерка Тру, која ќе стане постара сестра. „Можеме да потврдиме дека Тру ќе има брат или сестра, тој е зачнат во ноември. Клои е многу благодарна на сурогат мајката за таквиот благослов“, изјави неименуван извор за Page Six. Тој исто така потврди дека Клои и Тристан живеат одвоено и дека не разговарале од декември, освен кога станува збор за прашања поврзани со заедничкото родителство.
Новиот член на семејството беше зачнат минатиот ноември пред Клои да дознае дека Тристан ја изневерувал (повторно). Скандалот избувнал кога веќе „работиле на друго дете“. Извори блиски до нејзиното семејство велат дека Клои тогаш решила сама да го одгледа детето.
Инаку, врската на Клои и Тристан била многу бурна – за прв пат се дознало за неговиот скок преку оградата малку пред раѓањето на нивната ќерка Тру. Подоцна, токму поради детето решиле да се обидат да ја одржат својата врска. Но подоцна, сведоците го забележале Тристан во друштво на семејната пријателка на Кардашијан, Џордин Вудс, со која биле во близок контакт. Тие на крајот се помириле и се обиделе заедно по трет пат, но врската завршила поради детето родено од манекенката Марали Николс. Таткото на ова дете е всушност Тристан.