Ким Кардашијан (41) ги „одвела“ своите обожаватели во ново видео на Инстаграм на преглед кај нејзиниот лекар, со кој разговарала за лекувањето на нејзиното ново нарушување на кожата, дисхромија, кое го добила по долгата борба со псоријазата, пишува британски „Сан“.
Имено, со текот на годините Ким е многу отворена во врска со прашањето за проблемите со кожата, а во новото видео разговарала со лекарот за нарушувањето кое доведува до промена на бојата на кожата или ноктите. Лекарот го започнал разговорот така што објаснил дека станува збор за поим кој звучи малку отмено, но не е.
– Ова нарушување се нарекува дисхромија. Кога некој се шминка професионално и се изложува на сонце и патува како вас, тоа сонце заедно со шминката што ги покрива порите може да предизвикаат регенерација на кожата. Кожата ни се менува и така може да добиете дисхромија – лекарот.
– Различни пигменти. Ќе имаме подготвен план за лекување, чекор по чекор за полека да го изедначиме целиот тен – рекол докторота, додека Ким не можела да го сокрие ентузијазмот дека нејзиниот проблем овојпат има „решение“.
„Подготвени за тргнување!“, возбудено извикала Ким.
Да потсетиме, Ким долги години е многу отворена за фановите за проблемите со кожата. Таа на самиот почеток на емисијата „Во чекор со Кардашијан“ открила дека и е дијагностицирана псоријаза.
Првиот „напад“ на псоријаза го доживеала на 25-годишна возраст. Тогаш открила дека и помогнала инекција со кортизон, но подоцна болеста се вратила.
ФОТО: Инстраграм