Километарски колони возила од утринава чекаат пред граничниот премин Богородица за влез во Грција.
На социјалните мрежи се споделуваат видеа и коментари дека колоната е долга и до десет километри и дека воопшто не се гледа границата.
„Добро утро Илинденци, убав провод“, пишува објавувачот на видеото на една од групите на Фејсбук.
По реакцијата на граѓани дека на Богородица се чека и по два часа, од МВР велат дека граничниот премин работи со полн капацитет.
– На ГП Богородица се работи со полн капацитет. Сите сообраќајни ленти наменети за контрола на патници се во функција, сѐ со цел непречено и брзо извршување на потребната контрола за излез од Северна Македонија. Во моментот времето на чекање не е подолго од 30 минути – велат од МВР.