Легендарниот дефанзивец Џорџо Киелини е поразен по шокантниот пораз на италијанската репрезентација од Северна Македонија во полуфиналето од баражот за Светското првенство.
Македонците славеа во Палермо со голот на Александар Трајковски и Азура, актуелниот европски првак, вторпат по ред остана без виза за Мундијалот.
„Ова е големо разочарување за нас. Пропуштивме многу шанси, одигравме солиден натпревар. Горд сум на моите соиграчи“, истакна Киелини и продолжи:
„Ние сме уништени. Се надевам дека Манчини ќе биде тука во иднина“.
Искусниот фудбалер се уште не знае дали поразот од Македонија е негово збогување од репрезентацијата.
Не е време да кажам дека ова е мојот последен натпревар во националниот тим“, додаде Киелини.
Во финалето на баражот на 29 март Македонците ќе се сретнат со Португалија, која ја совлада Турција со 3:1. Натпреварот од Порто ќе можете да го следите во Спорт Клуб.