Русија и Украина извршија трета размена на затвореници. Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук во изјава на Телеграм наведе дека третата размена на затвореници била извршена по наредба на претседателот Володимир Зеленски.
Во рамките на размената биле ослободени 26 Украинци, а Верешчук рече дека 12 војници и 14 цивили се вратиле во своите домови, јави Ројтерс.
„По наредба на претседателот Володимир Зеленски, денеска се случи третата размена на затвореници. Дванаесет наши војници, меѓу кои и еден офицер, се враќаат дома. Овозможивме и ослободување на 14 цивили, меѓу кои девет жени, вкупно 26 лица“, напиша Верешчук.
Руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова рече дека двете земји дозволиле возачите на камиони кои останале заробени во друга земја да се вратат.
Според новинската агенција ТАСС, Москалкова рече дека на 32 Руси и 20 Украинци им било дозволено да се вратат дома.