Принцот Хари (37) и Меган Маркл (40) ги поканиле принцот Вилијам (39), Кејт Мидлтон (40) и нивните деца на првиот роденден на својата ќерка Лилибет Дијана, но тие сепак не дошле на роденденската прослава, пишува „Пејџ сикс“.
Принцот Вилијам и Кејт и нивните деца принцот Џорџ (8) и принцезата Шарлот (7) биле во Велс тој ден и учествувале на платинестиот јубилеј на кралицата.
Хари и Меган ја напуштија Велика Британија без да се поздрават со Вилијам и Кејт, а нивните деца Арчи (3) и Лилибет не успеале да ги запознаат братучедите.
Познато е дека Хари и Меган беа во Лондон само два дена и дека не беа поканети на некои настани поврзани со јубилејот, како на пример, големиот концерт пред Бакингемската палата.
Се сомнева дека советниците на кралицата биле исплашени дека Меган и Хари биле озвучени и дека се обидувале да снимаат содржина своето шоу, коешто, наводно, го снимаат за „Нетфликс“.
Исто така, извори тврдат дека кралицата, иако ја запознала малата Лилибет, забранила фотографирање кога првпат ја запознала.