Пејачката Кајли Миног и актерот Џејсон Донован се враќаат во австралиската сапуница „Соседи“, објавија продуцентите на серијата.
И двете австралиски ѕвезди ја започнаа својата кариера во сапунската опера, која ќе престане да се емитува следниот месец по 37 години. Миног и Донован се договорија да се појават во последната епизода.
Продуцентската куќа Фриментл се обиде да ја усвои серијата во Велика Британија, каде што со децении има култни следбеници, откако Канал 5 објави дека повеќе нема да ја емитува. Сепак, не успеаја.
Пред да станат глобално популарни, Миног и Донован играа телевизиска двојка во популарна сапуница и тајно беа пар во реалниот живот. Таа романса заврши кога Кајли Миног го запозна пејачот на INXS Мајкл Хачинс.
„Воодушевени сме што Џејсон и Кајли се договорија да играат посебна улога во финалето на серијата“, изјави извршниот продуцент Џејсон Хербисон.
„Скот и Шарлин (ликовите кои ги играат Донован и Миног) се најпознатиот пар на „Соседи“ и крајот не би бил ист без нив“, додаде Хербисон.
„Тоа беше емотивно искуство за нив, за нас и сигурен сум дека ќе биде и за нашите гледачи.
Во „Соседи“, сапуница со која пораснаа генерации Австралијци и Британци, кариерата ја започнаа и ѕвездите Марго Роби и Расел Кроу.