More

    Касиопеја беше уловена со Х-зраци

    spot_img

    Направена е првата снимка од остатоците од торжествена експлозија на супернова која „пукнала“ негде во 17 век, а чија светлина патувала и дури сега пристигнува до Земјата, а инструментот на НАСА наречен „IXPE“ кој неодамна беше лансиран, преку рентгенски Х-зраци ги отчита нејзините сигнали. Ѕвездата се вика Касипоеја А, а првите податоци кои ги собра полариметрискиот апарат беа со сина и виолетова боја, пишува СајТекДејли.

    Всушност, се работи за две фотографии. Онаа со сините нишки е направена претходно во опсерваторијата Чандра на НАСА, а виолетовите делови одговараат на интензитетот на светлината која била регистрирана од новиот апарат IXPE. Податоците биле прибирани цела недела, а новите се совпаднале со старите.

     

     

    Клучното мерење кое научниците сакаат да го прават со IXPE се нарекува поларизација, со други зборови, набљудување на тоа како светлината на Х-зраците е ориентирана додека тие патуваат низ вселената. Значи, ќе имаме мапа на целата светлина во Касиопеја А, која е во дијаметар од околу 10 светлосни години. Но, за научниците сè уште ќе остане прашањето: како ѕвездите воопшто произведуваат Х-зраци?

    – Идните слики на поларизација од IXPE ќе треба да ги откријат механизмите во срцето на овој познат космички акцелератор – рече Роџер Романи, ко-истражувач од Универзитетот Стенфорд.

    Инструментот IXPE беше лансиран со ракетата „Фалкон 9“ на Илон Маск, а во мисијата во која учествува и Италијанската вселенска агенција има научници од 12 земји. Леталото го управуваат од Колорадо во САД.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img