Познато е дека српската поп-ѕвезда Јелена Карлеуша е во многу добри односи со бугарскиот пејач Азис и не крие дека тој е еден од нејзините многу добри пријатели.
Имено, Карлеуша и Азис имаа заеднички настап во Швајцарија, а пред настанот им позираа на насобраните фоторепортери.
Јелена и Азис се познати шоубиз ѕвезди, а за овој нивен потег и тоа како ќе се зборува.
Карлеуша и Азис се бакнаа во уста, што ги воодушеви сите присутни.
„Среќна што те гледам, брату мој, големата бугарска ѕвезда“, напиша Јелена во објавата на која се бакнуваат прегрнати.
Коментарите под објавата само се нижат, а сите се воодушевени од нивниот потег кој предизвика „хаос“ на мрежите.
„Љубоморна сум“, „Тоа е тој спој“, „Две икони“, се само дел од многуте коментари на обожавателите.