Капитенот на српската репрезентација и на Амстердам Ајакс Душан Тадиќ е повреден во напад на разбојници што се случил пред неговата куќа. Според холандските медиуми, повредите се од полесна природа.
Нападот се случил во ноќта меѓу 27 и 28 јули, а холандските медиуми дури сега пишуваат за тоа. Се се случувало пред куќата на Тадиќ во јужниот дел на Амстердам. Разбојниците биле вооружени и имале шлемови на главите за да не им се гледаат лицата.
Душан бил нападнат кога излегувал од возилото, а потоа се обидел да побегне. Потоа дошло до пресметка со напаѓачите, а кога Тадиќ му го подигнал визирот на кацигата на еден од напаѓачите, тој му удрил шлаканица.
После тоа Тадиќ се сокрил во ресторан, а напаѓачите побегнале со мотор. Исто така, холандски Телеграф напиша дека Тадиќ претходно бил посетен од наводни доставувачи на пица кои секогаш биле во пар и носеле кациги.