Во рамки на широката кампања за имунизација за заштита на ризичното население од тешка форма на ковид-19, за два дена се вакцинирани над 1.500 лица (со прва и трета доза).
– Преку СМС пораки ги повикуваме лицата од ризичната група над 65 години, како и помлади лица со коморбидитети, кои се уште не се заштитени со соодветна доза вакцина да се имунизираат, во точно определениот термин и пункт, закажани преку МојТермин. Апел до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини и да се имунизираат, заради заштита на своето здравје. Сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни и штитат од тешки форми на ковид-19 – се вели во соопштението од министерството за здравство.
Оттаму додаваат дека кампањата се реализира во соработка со здравствените домови, матичните лекари и Управата за електронско здравство, кои даваат максимална поддршка на овој процес.