More

    Како короната ги селектира жртвите?

    spot_img

    Зошто некои луѓе неколку пати се заразуваат со корона и како е возможно некои луѓе веќе цели две години успешно да ја заобиколуваат заразата?

    Корона бројките се во благ пад, а поради тоа што во изминатиов период голем број луѓе дојдоа во контакт со вирусот, логично е да се верува дека напролет нѐ очекува многу подобра перспектива. Бројот на инфективни честички на вирусот на кои наидуваме е превисок и го пробива имунитетот – како по прележана инфекција, така и пост-вакцинално, па затоа доаѓа до ситуација некој човек двапати за кратко време да се разболи од ковид-19.

    Српскиот имунолог д-р Душан Попадиќ објаснува дека коронавирусот ќе ги заобиколи само оние кои живеат изолирано во некое мало место и кои немаат многу контакт со другите луѓе.

    – Ако работите течат онака како што јас се надевам дека ќе течат, мислам дека ова ќе биде крајот на пандемијата, затоа што на светско ниво веќе има над 50 отсто вакцинирано население. Кога на тој процент ќе се додаде и борјот на оние кои ја прележале болеста, а не знаеме точно колкав е бројот на тие луѓе, многу веројатно е дека ќе имате ситуација до мај годинава дури 80 отсто од вкупната популација да дојде во контакт со вирусот. Тоа остава многу малку место за нов бран на пандемијата – истакнува д-р Попадиќ.

    Коментирајќи ја ситуацијата кога некој човек два пати се заразува со ковид-19, тој објаснува дека таквиот податок повеќе говори за вирусот отколку за нашиот имунитет.

    – Оваа последна варијанта на коронавирусот, која сега е доминантна во Западна Европа и во уште некои други делови на светот, е таква што бројот на инфективни честички е преголем и го пробива имунитетот на човекот, без разлика дали тој веќе еднаш ја прележал болеста или се вакцинирал – објаснува д-р Попадиќ.

    Според него, секој треба да се имунизира и не треба да чека да се зарази.

    – Кога зборуваме за повозрасните луѓе, постојат две категории. Едни се помеѓу 60 и 75 години и тука е највисок процентот на имунизација. По 75 години, тој процент е значајно понизок. Исто така, голем број на луѓето не носат маски во последните 10 месеци – истакна д-р Попадиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img