Педесет и седум моторции се казнети вчера во Битолско при засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, во периодот од 18 до 24 часот.
Од нив, информираат денеска од МВР, 30 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.