Рамзан Кадиров, лидерот на руската република Чеченија, изјави дека руските сили денеска ќе имаат целосна контрола над фабриката за челик Азовстал во Мариупол.
„Пред ручек или после ручек, Азовстал ќе биде целосно под контрола на силите на Руската Федерација“, рече тој во аудио пораката објавена доцна вечерва.
Чеченските сили се борат во Украина на страната на Русија. Ако падне, Мариупол ќе биде најголемиот град што Русија го окупираше од почетокот на инвазијата пред осум недели.