Руската телевизија прикажа снимка од наводен состанок на рускиот Совет за безбедност на кој присуствуваа високи функционери, меѓу кои и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кој со денови не е виден во јавноста.

Шојгу последен пат беше виден во јавноста на 11 март, а се појавија гласини дека е болен, па дури и уапсен.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека Путин денеска ќе одржи состанок на Советот за безбедност.
На прашањето каде е министерот за одбрана, Песков тогаш рече дека „има многу работи за кои се грижи, воена операција е во тек и нема време за медиумски активности“.