More

    Италијанскиот шампион се збогува со следната фаза од ЛШ

    spot_img

    Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус не се пласира во осминафиналето во Лигата на шампионите.

    Избраниците на тренерот Масимилијано Алегри синоќа загубија на гостувањето кај Бенфика (3:4) во 5. коло од групната фаза. ПСЖ и Бенфика од групата Х се пласираа во осминафиналето со по 11 бода, додека Јувентус и Макаби имаат по три бода и ќе се борат за учество во плејофот во Лигата на Европа.

    Јувентус во 6. коло ќе му гостува на ПСЖ, а Макаби ќе ја пречека Бенфика.

    Торинскиот клуб не успеа да се квалификува во плејофот на Лигата на шампионите за прв пат по сезоната 2013/14. Таа сезона „Старата дама” под водство на Антонио Конте го зазеде третото место во групата со Реал Мадрид, Галатасарај и Копенхаген.

    Следните две сезони Јувентус играше два пати во финалето на Лигата на шампионите, но загубија во двата случаи (2014/2015, 2016/2017).

    Навивачите на Јувентус го повикуваат клубот да го отпушти тренерот Масимилијано Алегри по синоќешниот пораз со 3:4 од Бенфика во Лигата на шампионите.

    Како што објави „Кориере дело спорт” навивачите на Јувентус го кренаа хаштагот #AllegriOut на врвот на социјалните мрежи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img