Италијанскиот фудбалски великан Интер го конкретизира предлогот за договор со Аргентинецот Пауло Дибала и вклучи клаузули во случај на повреди на фудбалерот, пишуваат италијанските медиуми.
Аргентинскиот интернационалец е слободен играч откако не постигна договор за продолжување на соработката со Јувентус.
Се чинеше дека се е договорено со Интер, но, сепак, клубот малку ретерираше.
Според „Газета дело спорт“, Интер на Дибала сега му нуди основна плата од 5 милиони евра по сезона, плус уште 1 милион евра доколку фудбалерот одигра барем 50 отсто од натпреварите во текот на сезоната.