Иран за прв пат произведе хиперсонична балистичка ракета, изјави командантот на воздухопловните сили на Иранската револуционерна гарда, генерал Амирали Хаџизадех, пренесе новинската агенција Фарс.
Хиперсонична ракета се движи со брзина поголема од пет мах, што е пет пати поголема од брзината на звукот.
„Таа хиперсонична балистичка ракета може да се спротивстави на штитовите за противвоздушна одбрана. Ќе може да помине низ сите системи за противракетна одбрана“, рече генералот.