More

    Инцидент во Будимпешта, двајца мажи се приведени

    spot_img

    Осомничени криумчари на луѓе, денеска во Будимпешта отвориле оган кон унгарската полиција од комбе што превезувало мигранти додека полицијата го гонела возилото. Инцидентот завршил без повредени.

    Агентите за борба против тероризмот приведоа двајца мажи во Будимпешта по потерата што започнала на околу 20 километри југоисточно од градот, соопшти полицијата.

    Осомничените пукале кон полицијата од комбе со унгарски таблички откако одбиле да застанат на автопатот М5 во близина на градот Инаркс. Полицијата ја продолжила потерата и го натерала возилото да застане во близина на предградието на Будимпешта, по што осомничените побегнале во шумата и испукале уште неколку истрели кон полицијата.

    Еден полицаец испукал предупредувачки истрел, а потоа возвратил. Таа населба била блокирана од полицијата, а осомничените, кои рекле дека се Ирачани, биле приведени околу еден час по почетокот на потерата. Никој не е повреден.

    Полицијата навела дека по бркотницата во комбето биле пронајдени 21 мигрант, кои тврделе дека се сириски државјани. Двајца осомничени ќе одговараат за криумчарење луѓе и насилство врз службено лице.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img