Инстаграм повторно има проблеми со својата работа, а многу корисници известуваат дека нивните сметки на овој сервис се суспендирани.
Според извештаите од веб-страницата DownDetector, проблемите настанале нешто по 14:00 часот по локално време и наводно ги погодуваат корисниците на Инстаграм ширум светот.
Засега не е позната причината за падот на социјалната мрежа, а некои корисници известуваат дека нивните онлајн сметки се суспендирани.
Плусинфо се обиде да пристапи до апликацијата и немавме проблеми со услугата.
Како и обично, другите корисници се огласија на Твитер за да ја продолжат дискусијата за проблемите што ги доживуваат. Некои јавуваат дека откако направиле дискусија при што им била побарана мејл адресата на која им бил испратен код од 6 бројки, потоа следело уште едно барање од внесување на телефонскиот број, каде што им била испратена порака со код од 6 бројки, апликацијата се вклучувала и потворно не им бил овозможен пристап.