More

    Илјадници неофашисти ја прославија 100-годишнината од доаѓањето на Мусолини на власт

    spot_img

    Поддржувачите на диктаторот Бенито Мусолини се собраа во неделата во неговиот роден град Предапио за да ја одбележат 100-годишнината од „Маршот кон Рим“, кој беше одлучувачки за доаѓањето на фашистите на власт во Италија.

    Според проценката на локалната полиција, околу 2.000 луѓе се собрале во тој мал град во провинцијата Емилија Ромања, каде што фашистичкиот водач бил погребан во криптата на семејната капела, пренесува.

    Гробот на Мусолини го посетуваат десетици илјади луѓе секоја година, а оние што се собраа во неделата и дадоа поддршка на новата влада предводена од екстремно десничарската Џорџија Мелони, чија партија Италијански браќа има неофашистички корени.

    Би гласал и за Луцифер само за да ја поразам левицата во Италија. Затоа сум среќен што ја имаме владата на Мелони“, изјави организаторот на средбата Мирко Сантарели, пренесува италијанската агенција АНСА.Маршот во Рим на 28 октомври 1922 година го означи доаѓањето на Мусолини на власт во Италија, кое заврши во април 1945 година, кога тој беше убиен од италијанските партизани.

    Италијанскиот закон забранува глорификација на фашизмот, но тоа ретко се спроведува.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img