Голем пожар избувна во магацин на кондиторска фабрика на далечниот исток на Русија, во градот Владивосток.
Според локалните медиуми, на местото на настанот пристигнале 12 противпожарни возила и 42 спасувачи кои се борат да го локализираат пожарот.
Според Експрес, некои се сомневаат дека тоа е дело на „потпалувачи“, кои се обидуваат да предизвикаат паника во јавноста и да ја „скршат“ логистиката на компанијата, но оваа информација не е официјално потврдена.