More

    „Идентитетот е приказна“ го содржи последниот есеј на Горан Стефановски

    spot_img

    Книгата „Идентитетот е приказна” од Иван Антоновскиобјавена од издавачката куќа „Полица” по повод 70 години од раѓањето на Горан Стефановски, се најде во изборот на топ трите книжевни настани во светот минатата недела, според изборот на интернет-страницата на специјализираниот журнал Асимптот“.

    „Стефановски работеше претежно во сферата на театарот и филмот, а „Идентитетот е приказна” претставува детална анализа на неговото есеистичко творештво, фрлајќи ја потребната светлина врз дел од неговиот опус на кој претходно не му беше посветено големо внимание“, се вели меѓу другото во освртот на страницата на „Асимптот”.

    Во претставувањето на топ трите книжевни настани во светот минатата недела, на страницата на „Асимпотот” е истакнат и влогот на Стефановски во драмата, додека за книгата „Идентитетот е приказна” е нагласено дека носи нова светлина во вреднувањето и на неговото културно наследство и дека на јавноста ѝ открива важни аспекти за творештвото на овој култен автор.

    Покрај објавувањето и првата промоција на книгата за есеите на Стефановски, во изборот на „Асимптот” се издвоени и настани од Чешката Република и Индија.

    Како што соопштија од издавачката куќа „Полица”, книгата „Идентитетот е приказна” се смета за исклучително проучување и на полето на современата македонска книжевна наука и на полето на македонската култура.

    Во освртот на „Асимптот” се претставени и дел од досегашните оцени на македонската критика за „Идентитетот е приказна”, а е нагласен и воопшто големиот интерес за оваа книга, која всушност е и прва студија во целост посветена на есеистиката на Горан Стефановски.

    Инаку, „Идентитетот е приказна”, издавачката куќа „Полица” ја објави во соработка со Здружението за промоција и сочувување на културното наследство на Горан Стефановски. Во неа, покрај студијата на Антоновски е објавен и последниот, тестаментален есеј на Стефановски, „Искрата што се измолкнува: наративи помеѓу чеканот и наковалната”, од кој е и цитатот што е испишан врз плочата во т.н. „Гораново катче”, кое беше отворено неделава на Универзитетот „Крајстчрч” во Кентербери, Англија.

    Реномираниот електронски журнал „Асимптот” со седиште во Сингапур, доминантно е посветен на преводот на светската книжевност и е основачки член на мрежата за книги на британски „Гардијан” (Guardian), со неделно претставување нови книжевни преводи кои може да ги прочитаат пет милиони претплатници. Во 2015 година, на Лондонскиот саем на книгата, „Асимптот” ја има добиено Наградата за меѓународна иницијатива за книжевен превод. Досега во журналот се објавени книжевни дела од 121 земја.

    Освртот за книгата „Идентитетот е приказна” од Иван Антоновски објавен на интернет-страницата на „Асимптот” во приказот на топ трите книжевни настани во светот минатата недела е на Софија Поповска. Со ова, нашата земја за првпат се најде во изборот од топ три книжевни настани што го објавува овој реномиран журнал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img