Доколку има лица кои не го пријавиле имотот во анкетниот лист, она што може Антикорупциската комисија е да изрече глоба доколку функционери имаат имот регистриран во Катастар, а не го пријавиле во анкетниот лист. Но, во случај да имаат имот кој не е заведен на нивно име во Катастар, тогаш тука има проблем, изјави за „365 степени“, Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.
ВМРО-ДПМНЕ денска отвори афера „Тајни имоти“ во која тврди дека 123 актуелни функционери не прикриле податоци за инот вреден 30 милиони евра.
Ивановска рече дека ако ВМРО-ДПМНЕ има такви информации да поднесат пријави до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) и тие ќе постапат.
-Ќе видиме за што станува збор. Надлежноста на ДКСК е да изврши проверка на анкетните листови, дали тие ги содржат сите податоци кои ги потврдуваме со прибирање и споредба на информации од надлежни институции, како што се Агенцијата за катастар, МВР, УЈП итн. Проверуваме дали тоа што е пријавено соодветствува со тоа што го имаат регистрирано институциите – рече Ивановска.
Исто така, рече таа, Антикорупциска прави проверки и по допрен глас, по годишниот план, по пријави од други лица…