На подрачјето на Гази Баба денеска во 14.20 часот на улица Маџари, од полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен о
Како што информираа од МВР, за него била распишана локална потерница по објава од полициска станица Чаир, каде што во 12.00 часот било пријавено дека избегал од Казнено-поправната установа Затвор Скопје.
Лицето е приведено во полициска станица Гази Баба, а потоа спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.
Фото: МИА