More

    Зошто милијардерот ѝ даде толку пари на пејачката?

    spot_img

    Еден од најбогатите луѓе во светот, извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, ја награди пејачката Доли Партон со 100 милиони долари во петокот вечерта на доделувањето на „Безос наградите“.

    Во текот на доделувањето на оваа награда, Партон стана добитничка на наградата за храброст и учтивост, за што доби 100 милиони долари кои треба да бидат дадени во добротворни цели, со цел на децата да им овозможи пристап до книгите ширум светот. Инаку, фондацијата на пејачката „Dolly Parton’s Imagination Library“ е посветена на нејзиниот татко, а преку неа сака да ги мотивира децата да читаат и децата да можат да добијат бесплатни книги преку организацијата.

    „Таа дава со срце. Тоа што го направи за децата, писменоста и многу други работи, е едноставно неверојатно“, изјавил 58-годишниот милијардер за пејачката.

    Доли Партон била шокирана од наградата и големата сума што ја добила.

    „Дали рековте 100 милиони долари? Секогаш сум велела дека ќе се трудам да давам пари каде што ќе ми каже срцето. Ќе дадам сѐ од себе да направам добри работи со овие пари. Кога луѓето се во позиција да помогнат, тие треба да помогнат“.

    ФОТО: Јутјуб

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img