More

    Зошто кучињата јадат трева?

    spot_img

    Ќе најдете многу кучиња кои јадат трева.

    Тоа е наследство што кучињата го чувале од своите предци како волци и лисици кои ги јаделе сите животни што би ги уловиле. Бидејќи овие животни биле претежно тревопасни животни, па тие, хранејќи се со нив, јаделе поголемо количество растенија кои биле во нивните црева. Така, кучињата кои јадат трева го јадат она што всушност би го изеле во дивината, но во малку поинаква форма.

    Друго објаснување е дека кучињата често повраќаат откако ќе конзумираат трева. Имено, некои кучиња имаат стомачни проблеми, па јадењето трева им ги ублажува проблемите. Можеби стомакот им е чувствителен, а можеби имаат паразити или им недостигаат одредени ензими за варење.

    Некои кучиња, од друга страна, едноставно сакаат да јадат трева.

    Добро е да се знае дека јадењето трева не е необична појава и не е загрижувачки доколку кучето не ја јаде во огромни количини. Доколку освен трева јаде и низа други работи кои не се за јадење, посетете ветеринар, бидејќи во тој случај може да се работи за нарушување во однесувањето, пишува Индекс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img