More

    Зошто е речиси невозможно да се избрише нешто од Интернет?

    spot_img

    Повеќето луѓе живеат во верувањето дека можат да ги избришат своите објави, пораки или лични информации од Интернет кога сакаат. Минатата недела сослушувањето за технологијата во САД ја оспори таа претпоставка.

    Пејтер Затко, поранешниот шеф на безбедноста на Твитер, минатиот вторник изјави пред комисијата на американскиот Сенат дека не е сигурно дека Твитер ќе ги избрише податоците на корисниците кои ќе изберат да ги избришат нивните сметки. Тоа признание дојде по неговите и онака драматични обвинувања, кои минатиот месец ги објавија CNN и Washington Post, пренесува CNN.

    Затко во своето сведочење го обвини Твитер дека не гарантира бришење на корисничките податоци, во некои случаи затоа што ги изгубил информациите. Твитер се обиде да се одбрани од обвинувањата: технолошкиот гигант рече дека изјавите „создаваат лажен наратив“ за компанијата. Како одговор на прашањата на Си-Ен-Ен, Твитер соопшти дека имаат работни процеси со кои „почнува процедурата за бришење“, но не јасно посочи дали ја завршуваат постапката.

    И додека наводите на Затко се неверојатни, тие служат како дополнителен потсетник за тоа колку понекогаш можеме да бидеме несовесни кога станува збор за споделување на нашите податоци онлајн. „Сето тоа звучи многу едноставно, но какви и да објавите информации за себе, не очекувајте повеќе да бидат приватни“, вели Сандра Мац, истражувач на социјалната мрежа и професор на бизнис школата Колумбија. „Речиси е невозможно да се отстрани нешто од Интернет.

    Се чини дека влогот никогаш не бил поголем кога станува збор за контрола на нашите податоци. Во САД, неодамнешната одлука на Врховниот суд со која се укинува претходно федерално загарантираното право на абортус, ја отвора можноста за пребарување на историјата на пребарување, податоци за локација или пораки за да се казнат оние кои бараат информации за абортус преку Интернет.

    Во јули, компанијата-мајка на Фејсбук, Мета, се соочи со остри критики откако беше објавено дека полицијата во Небраска добила приватни пораки на Месинџер и врз основа на нив обвини тинејџерка и нејзината мајка за нелегален абортус. Тогаш немаше индикации дека спорните пораки биле претходно избришани.

    Рави Сен, истражувач за сајбер безбедност и професор на Универзитетот А&М во Тексас, рече дека органите за спроведување на законот и некои други групи „со ресурси и пристап до вистинските алатки и експерти“ можат многу добро да добијат избришани податоци во некои случаи.

    Сен вели дека повеќето луѓе дури и не знаат каде завршуваат сите нивни податоци. Секоја објава, е-пошта, директна порака или коментар на социјалните мрежи обично се складира на уредот на корисникот, уредот на примачот и серверите на платформата чија услуга ја користат. „Идеално“, вели тој, „ако корисникот што ја создал содржината ја избрише, таа треба да исчезне од сите три локации“.

    Но, во реалноста, додава тој, не е така едноставно.

    Сен вели дека можете да контактирате со компаниите и директно да побарате од нив да ги избришат вашите податоци од нивните сервери, иако многумина никогаш не го преземаат тој чекор. Шансите некој да најде избришани пораки од уредите на корисникот се намалуваат со текот на времето, вели Сен.

    Најдобар начин за контрола на податоците на интернет е да користите апликации кои нудат целосна шифрирање, советуваат експертите за приватност. Исто така, важно е да управувате со поставките за облак за да се осигурате дека приватните податоци од шифрирани услуги не се достапни на друго место.

    Сепак, дури и со сите можни безбедносни мерки што можете да ги преземете, штом ќе објавите нешто на интернет, „ја изгубивте контролата“, вели Мац.

    „Дури и ако, на пример, „Твитер ја избриша објавата или ако вие самите ја избришете од, на пример, Фејсбук, можно е некој друг веќе да ја копирал сликата што сте ја објавиле“, предупредува таа.

    Мац препорачува секој повеќе да размислува за тоа што го споделува на платформите на компаниите Big Tech. Колку и да звучи песимистички, таа вели дека да се биде премногу претпазлив на интернет е секогаш добра идеја. „Едноставно претпоставете дека секој може да користи се што ќе ставите на интернет и дека вашите објави ќе останат таму засекогаш“, заклучува Мац.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img