More

    ЗНМ избра лидер и членови

    spot_img

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) вчера во рамки на годишното собрание покрај претседател, избра и членови на Управен и Надзорен одбор, како и членови на Советот на честа. За членови на Управен одбор, меѓудругото, беа избрани и двајца медиумски работници од Медиумска информативна агенција (МИА).

    Присутни во салата беа околу 500-тини новинари и медиумски работници, од кои регистрирани со право на глас беа 487 новинари.

    Со 257 гласови, Младен Чадиковски повторно беше избран за претседател на ЗНМ. Од останатите кандидати за претседатели, Марјан Николовски освои 119, а Фиљана Кока 53 гласови. Неважечки ливчиња беа 11 од вкупно 458 гласа.

    За членови на Управен одбор се избрани Анета Блажевска, Аслан Вишко, Сенат Зулбеари, Трајче Илиевски, Мишко Иванов, Маја Јовановска, Петар Клинчарски, Искра Опетчевска, Среќко Поповски и Ристо Тасев.

    За членови на Надзорен одбор се избрани Мефаил Исмаили, Роберт Коцев, Сеад Ризвановиќ, Горан Симоновски и Миомир Серафиновиќ.

    За членови на Совет на честа се избрани Саше Димовски, Огнен Јаневски, Мира Костиќ, Емилија Мисирлиевски и Игор Стефановски.
    „Годишното редовно Изборно собрание беше најпосетениот новинарски настан во Македонија каде што на демократски и фер начин, новинарите и медиумските работници го искажаа своето мислење за иднината на новинарството во која ќе продолжат да се имплементираат и понатаму принципите на професионалното новинарство“, се наведува во соопштението на ЗНМ.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img