More

    Зеќири оди во домашен притвор

    spot_img

    Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, по неколку месеци поминати во истражниот затвор „Шутка”, заминува во куќен притвор.

    Одлуката денеска ја донесе Апелација, а на поранешниот владин секретар му е одземен пасошот.

    Зеќири изминатите денови беше на болничко лекување, па од таму ќе замине дома. Тој помина речеси 4 месеци во притвор, односно во „Шутка” влезе на 8 април.

    Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување.

    Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале хрватски државјани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img