More

    Земјотрес ја погоди Лефкада

    spot_img

    Земјотрес со јачина од 4,3 степени го погоди островот Лефкада во Грција во вторникот наутро. Засега нема информации за штети или повредени.

    Епицентарот на земјотресот бил во морето, на 16,5 километри од градот Василики, соопшти Националната опсерваторија од Атина.

    Претходно Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека епицентарот бил многу плиток, на само два километри, со јачина од 5,2 степени.

    Засега нема извештаи за повредени или евентуална материјална штета на Лефкада и другите острови во Јонското Море.

    Според прелиминарните сеизмички податоци, земјотресот најверојатно го почувствувале помал број луѓе во областа во близина на епицентарот. Научниците велат дека таков земјотрес не треба да предизвика поголема штета од паѓање на предмети и евентуално кршење на прозорци.

    Островот Лефкада се наоѓа во сеизмичка зона и земјотресите не се необична појава. Земјотресот од 2015 година, со јачина од 6,1 степени, направи големи штети на островот, а во таа прилика животот го загубија две лица.

    Земјотресите постојано ја уништуваа познатата плажа Егремни, која важи за една од најубавите во Грција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img