Земјотрес со епицентар меѓу охридските села Куратица и Опеница е регистриран утринава.
Станува збор за послаб потрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала, како што покажуваат податоците на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот бил на длабочина од пет километри.