Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Иркутск во Русија, недалеку од Бајкалското Езеро, соопшти Министерството за вонредни ситуации на земјата.
ЕМСЦ соопшти дека јачината на земјотресот била 4,9 степени, пренесува ТАСС.
Земјотресот се случил на 33 километри западно од селото Посолскоје.