Рускиот нафтоводен гигант Транснефт потврди во вторникот во соопштение дека Укртранснафта, компанија која обезбедува услуги за транспорт на нафта преку Украина, ја прекина испораката на нафта преку јужната рута на нафтоводот Дружба до Унгарија, Чешка и Словачка, пренесува Спутник.
Игор Демин, помошник на претседателот на Транснефт, вели за Спутник дека Укртранснафта, навистина, целосно ја прекина испораката на нафта во трите споменати земји на 4 август во 6:10 часот.
Истовремено, тој додаде дека продолжува транзитот преку Белорусија кон Полска и Германија.
Демин, исто така, рече дека украинската страна обезбедува услуги под услов целосно авансно плаќање.
– Но, при плаќање за транзит низ територијата на Украина, средствата беа вратени на сметката на ПЈС Транснефт. Газпромбанк, која врши плаќања, не извести дека исплатата е вратена поради регулативите на ЕУ, односно седмиот пакет санкции – изјави претставник на Транснефт.