More

    Зеленски со пркосна порака, „секогаш ќе ги славиме нашите празници“

    spot_img

    Сирени за воздушен напад се огласија утринава во Киев и низ сите украински региони, но не беа пријавени нови руски напади, соопштија официјални лица. Подоцна беше објавено дека небото е чисто, пишува Ројтерс. Непотврдените извештаи на украинските социјални мрежи сугерираат дека сирените можеби биле активирани откако руските авиони излетале на небото во Белорусија и дека подоцна соопштиле дека небото е чисто откако авионите се вратиле во нивните бази.

    Ракетни напади во Украина имаше и ноќеска. Во Херсон загинале 10 лица, соопштија официјалните лица.

    И покрај ваквата ситуација за Божиќ, украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика својот народ да истрае пред руските напади , јавува Би-Би-Си. Во пркосниот говор во саботата, тој рече:

    –         –  Слободата има висока цена. Но, ропството има уште повисока цена.

    Регионалните власти соопштија дека уште 68 лица се повредени и ги повикаа локалните жители итно да даруваат крв.

    Опишувајќи ја Русија како „терористичка земја“, Зеленски ги обвини руските војници дека „убиваат заради заплашување и задоволство“.

    Во објава на социјалните мрежи, украинскиот лидер покажа слики од улици полни со тела и запалени автомобили, велејќи дека „светот мора да види и да разбере против кое апсолутно зло се бориме“.

    Повеќето Украинци се православни христијани и го одбележуваат Бадник – главниот ден на празничната сезона во земјата – на 6 јануари. Сепак, сè поголем број верници го слават денот на 24 декември, во склад со мнозинството христијани ширум светот.

    Во видео обраќањето до нацијата доцна во саботата, Зеленски рече:

    –          Истрпевме на почетокот на војната. Издржавме напади, закани, нуклеарни уцени, терор, ракетни напади. Ајде да издржиме оваа зима бидејќи знаеме за што се бориме.

     –     Ќе ги славиме нашите празници! Како и секогаш. Ќе се насмееме и ќе бидеме среќни. Како и секогаш. Разликата е една. Нема да чекаме чудо. На крајот на краиштата, ние самите го создаваме – додаде тој.

    За многу Украинци, Божиќ ќе биде во мрак и на студ, вели дописникот на Би-Би-Си во Киев, Хуго Бачега. Но, Украинците велат дека тешкотиите само ги направиле посилни, бидејќи војната влегува во својот 11-ти месец, додава нашиот дописник.

    Во саботата продолжија жестоките борби во источниот украински регион Донбас, каде руските војници го нападнаа стратешкиот град Бахмут.

    Украинската армија од 24 февруари до 25 декември убила околу 102.500 руски војници кои ја нападнале територијата на државата, а само во изминатите 24 часа биле убиени 620, пренесе Укринформ.

    Агенцијата се повикува на информации од Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук.

    Уништени се и 3.011 тенкови, 6.010 оклопни борбени возила, 1.991 артилериски системи, 212 средства за ПВО, 283 авиони, 267 хеликоптери, оперативно-тактички беспилотни летала – 1.706, крстосувачки ракети – 653, бродови/чамци и друга воена опрема.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img