– Тоа е многу подобра идеја – додаде украинскиот претседател.
Членките на ЕУ во средата не постигнаа договор за ограничување на цената на руската нафта, бидејќи земјите беа поделени по предлогот на групата Г7 – за утврдување горна граница на цената од 65 до 70 долари за барел.
Полска сака ограничувањето да биде 30 долари, тврдејќи дека со трошоците за руско производство проценети на околу 20 долари за барел, предлогот на Г-7 би овозможил преголем профит за Москва. Литванија и Естонија ја поддржуваат Полска.
– Намалувањето на цените е многу важно. Слушаме за (предлози за горно ниво на цената на барелот) 60 или 70 долари. Таквите зборови повеќе звучат како отстапка (кон Русија) – предупреди Зеленски.
Тој се осврна на единството меѓу сојузниците.
– Европа си помага себеси. Не ѝ помага на Украина да ѝсе спротивстави на Русија, ова ѝпомага на Европа да се спротивстави на руската агресија”, додаде тој.
Голем дел од Украина остана без греење и струја по разорните воздушни напади на Русија врз нејзината електрична мрежа, а жителите на Киев се предупредени да се подготват за натамошни напади и да обезбедат резерви вода, храна, како и топла облека.
Економската војна меѓу Западот и Русија изгледа добива нови димензии. Всушност, Русите веќе потрошиле четвртина од својот буџет за да ја финансираат војската, истражува магазинот Форбс Украина. Русија од 24 февруари до денеска за војната во Украина потрошила 82 милијарди долари или четвртина од својот годишен буџет, пишува Форбс. Истовремено, земјата имала приходи од 340 милијарди долари.
Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси информираше дека тим на неговата агенција ќе ги посети украинските објекти во Хмелницки и Ривне, како и во напуштениот објект во Чернобил. Се довршуваат подготовките и наскоро ќе пристигнат инспекторите, пренесе германската новинска агенција ДПА.
Најверојатно, инспекторите ќе се фокусираат на техничките системи и плановите за итни случаи во објектите.
Веќе има инспектори во нуклеарната централа Запорожје, област под руска контрола.