More

    Зеленски изјави дека потврдниот одговор од Европската унија на кандидатурата на неговата земја за членство ќе биде историски момент за Европа

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека потврдниот одговор од Европската унија на кандидатурата на неговата земја за членство ќе биде историски момент за Европа, пренесе ДПА.

    -Позитивниот одговор од Европската унија на апликацијата на Украина за членство во ЕУ би бил позитивен одговор на прашањето дали европскиот проект воопшто има иднина – рече Зеленски во Киев за време на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон Лајен.

    Украинскиот народ, додаде Зеленски, „веќе даде огромен придонес во одбраната на заедничката слобода“, пренесе ДПА.

    Во следните неколку дена Комисијата се очекува да ја објави својата оценка за тоа дали Украина треба да добие статус на кандидат за ЕУ.

    Киев е благодарен за неодамна усвоениот шести пакет санкции на ЕУ против Русија, кажа украинскиот претседател. „Но, војната за жал продолжува, па затоа е потребен седми пакет санкции, што треба да биде уште посилен“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img