Украина откри уште две масовни гробници со стотици тела во неодамна ослободениот Ижевск, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за CBS, повикувајќи на нови санкции против Русија.
„Денес добив повеќе информации. Пронајдоа уште две масовни гробници со стотици тела. Зборуваме за малиот град Изум“, рече Зеленски.
Тој посочи дека треба да продолжат санкциите против Русија, кои според него ќе имаат политичко и финансиско влијание.
Руските власти се уште не го коментираа тврдењето на украинскиот претседател за гробниците во градот на североистокот на земјата, а Москва досега ги негираше сите злосторства и напади врз цивили што и се припишуваат.
По ослободувањето на Изум на почетокот на овој месец, украинските власти пронајдоа голем гроб во шумскиот дел на Изум. Покрената е истрага за причините за смртта.
Ексхумацијата на 436 тела беше завршена минатата недела. Се чини дека повеќето од нив умреле од насилна смрт, а првичните индиции се дека 30 биле мачени, објави регионалниот гувернер.