More

    Зголемен е бројот на жртвите на стадионот во Индонезија

    spot_img

    Уште шест лица починаа од повреди здобиени во инцидент на фудбалски стадион во Индонезија, со што бројот на загинати се искачи на 131, потврди локален здравствен претставник од градот Маланг.

    Иако првичните информации велеа дека бројот на загинати во саботните немири е 174, во понеделникот беше објавено дека загинале 125 лица.

    Нередите избија на крајот од фудбалскиот натпревар во Маланг на источниот индонезиски остров Јава, кога неколку илјади навивачи влегоа на теренот, по што полицијата употреби солзавец.

    Инцидентите се случија поради поразот на домашниот клуб Арема од Персебаја од Сурабаја (3:2). Началникот на полицијата во провинцијата Источна Јава во Индонезија, Нико Афинта, се извини за превидот.

    „Како началник на регионалната полиција, јас сум загрижен, тажен и во исто време жалам за пропустите во безбедносниот систем“, рече Афинта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img