More

    Захарова ја префрли топката на Вашингтон

    spot_img

    Истекувањето гас во близина на брегот на Данска и на Шведска се случи во подрачје врз кое „Вашингтон има целосна контрола“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

    – Тоа се случи во трговските и економските зони на Данска и Шведска. Тоа се земји кои се целосно под контрола на американските разузнавачки служби – истакна Захарова во интервју за телевизијата „Соловјев лајф.

    Таа не наведе докази за нејзиното тврдење дека Шведска и Данска се под американската контрола.

    Европска Унија се сомнева во саботажа како причина за истекувањето на подморскиот руски гасовод кон Европа и вети „силен одговор на секое намерно нарушување на нејзината енергетска инфраструктура.

    Иако ниту еден од цевководите не бил во употреба во моментот на подводните експлозии, и двата биле полни со гас кој истекувал во Балтичкото Море, а првото истекување беше забележано на 26 септември. Шведската крајбрежна стража денеска соопшти дека е откриено уште едно истекување на гас од Северен поток 2.

    – Две од четирите истекувања се во ексклузивната економска зона на Шведска. Другите две истекувања на гас се во данската ексклузивна економска зона – изјави портпаролката на шведската крајбрежна стража Џени Ларсон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img