More

    Захарова го повика Западот „да се отрезни“

    spot_img

    Опасната и кусогледа политика на Вашингтон ги доведе САД и Русија на работ на директен конфликт, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува ТАСС. Таа со оваа изјава му одговори на портпаролот на американскиот Стејт департмент, кој претходно рече дека Русија е виновна за влошувањето на американско-руските односи.

    Захарова му одговори дека напорите на САД да ја задржат американската хегемонија и игнорирањето на новата геополитичка реалност, како и арогантната неподготвеност да се вклучат во сериозен дијалог за безбедносните гаранции, доведоа до предвидлив резултат.

    – САД не само што финансиски и со оружје го поддржуваат неонацистичкиот режим во Киев, туку и го зголемуваат своето воено присуство на теренот. Ова е опасна и кратковидна политика што ги доведе САД и Русија на работ на директен конфликт. Москва ја повикува администрацијата на Бајден трезвено да ја процени ситуацијата. Се надеваме дека ќе нè слушнат во Вашингтон, но засега нема причина за оптимизам – рече Захарова.

    Сепак, според Захарова, Русија е „заинтересирана за деескалација на тензиите и договорите“.

    – Не се откажуваме од комуникацијата со САД на различни нивоа, но за барем минимален напредок неопходен е и чекорот на САД. За тоа е потребна политичка волја, отвореност и волја за чесно преговарање, без прст во џеб. А тоа е она што во моментов целосно му недостасува на Вашингтон – рече Захарова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img