На северот на Косово и Метохија започна отстранувањето на барикадите, јавува Танјуг.
Барикадата во градот Горње Јариње на патот до административниот премин Јариње е речиси отстранета, а другите барикади што во неделата вечерта ги поставија Србите во знак на протест против одлуката на Приштина за лични карти и пререгистрација на се отстрануваат и возилата.
Во Горњи Јариње прво беа отстранети камионите што го блокираа патот, а остана само да се отстрани чакалот што беше излеан на коловозот.
Се очекува целосно да се деблокира патот, за повторно да профункционира административниот премин Јариње.
Владата на Приштина вечерва соопшти дека ќе ја одложи примената на мерката за документи и таблички, до 1 септември, доколку се отстранат барикадите поставени на административните премини.