More

    Замрзнати се трите стана во „Панорама“

    spot_img

    Петар Тимовски, адвокат на поранешниот премиер Никола Груевски побара ама судот не му дозволи да ги презентира двете аудио снимки кои викендот се појавија во јавноста, а во кои Груевски разговара со бизнисменот Орце Камчев, во кои Камчев му кажува на Груевски што кажал во обвинителството додека траеше истрагата за случајот „Плацеви на Водно“.

    Судечкиот судија Илија Трпков го прифати образложението на обвинителството дека снимките се незаконски прибавени и дека со нив не се штити јавниот интерес туку само личниот интерес на Груевски.

    Адвокат на Груевски, предметот се базира токму на незаконски снимени разговори.

    Обвинителката Лиле Стефанова рече дека ако судот ги прифати овие јавно објавени разговори, тогаш и обвинителството има право да ги изведе телефонските разговори во кои Груевски се фали дека нашол „земјиште за џабалак“.

    Адвокатите на Камчев рекоа дека ја поддржуваат обвинителката.

    Трите ексклузивни стана од вкупна површина од околу 750 квадратни метри во објектот „Панорама резиденс“, за кои во предметот „Плацови на Водно“ бизнисменот Јордан (Орце) Камчев кажа дека се чуваат за експремиерот Никола Груевски, од денеска се замрзнати. Обвинителката Лиле Стефанова, на денешното судско рочиште, го достави предлогот тие да се замрзнат, а судот одлучи да го прифати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img