More

    Заменик-шефицата на бугарското МНР се закани со ново вето?

    spot_img

    Заменик-министерката за надворешни работи, Велислава Петрова, за БугаријаВоЖиво изјави дека сè додека Бугарите во Македонија не бидат заштитени, земјата нема да ги почне преговорите со ЕУ.

    – Сè додека не се смени Уставот, Македонија нема да почне преговори со ЕУ. Прифатени се условите под кои можат да започнат, меѓу нив е и заштитата на правата, вклучително и правата на Бугарите. Патот на Македонија зависи од резултатите што ги покажува, промената на овој негативен тренд не е поврзан само со нашите билатерални односи, туку со нејзината кандидатура за членство во ЕУ – изјави Петрова во емисијата „Бугарија во живо“.

    Истовремено, Бугарија го повика на консултации својот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов, поради, како што велат „тешката ситуација во однос на правата на Бугарите во Северна Македонија и ескалацијата на злосторствата од омраза против нив во последните месеци“.

    Бугарскиот академик Спас Ташев пак изјави дека Посетата на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на Бугарија е со цел да се затапе бугарската реакција на тепањето и неговите изјави ги окарактеризира како „неофашизам“. Инаку во бугарските медиуми сега се тврди дека претепаниот Пендиков воопшто не бил дилер со дрога, дека полицијата не сакала да му помогне кога бил претепан и дури дека болницата одбила да го лекува.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img