More

    Забраната за извоз на семе од сончоглед, вклучувајќи кршено или дробено, ќе продолжи да важи до 31 декември 2022 година

    spot_img

    Забраната за извоз на семе од сончоглед, вклучувајќи кршено или дробено, ќе продолжи да важи до 31 декември 2022 година, одлучи денеска Владата.

    Причината е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да почне во втората половина на август, најпрво да се снабди домашниот пазар односно домашните капацитети на производство на масло од сончоглед за јадење.

    Во изминатиот период во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство биле одржани состаноци со производители и откупувачи на сончоглед при што било заклучено дека во земјата има доволни количини и пари за откуп на сончогледот од регистрираните откупни претпријатија. Во 2022 година се очекува производство на 11.800 тони сончоглед, а има количини за покривање на 2 месеца за домашните потреби.

    Со цел поддршка на производството на сончоглед, МЗШВ креираше неколку мерки.
    За прв пат оваа година преку интервентната програма се обезбеди финансиска поддршка за вештачко ѓубриво за сончоглед и тоа 40% од цената или 2.500 денари по хектар како дополнителна мерка на основната финансиска поддршка по 11.000 денари на хектар без користење на сертифициран семенски материјал и по 15.000 денари на хектар со користење на сертифициран семенски материјал.

    Воведена е дополнителна мерка за произведен и предаден сончоглед со минимум 1.500 кг/ха во регистрирано откупно претпријатие, во износ од 5.760 ден/ха.

    Целта на овие мерки е домашното производство да се предаде на домашните откупни претпријатија и тоа ќе се реализира со оглед дека кај производството на сончоглед од оваа година стартуваше договорно производство.

    Повеќе информации за поддршката од интервентниот фонд наменета за производителите на пченица, пченка, јачмен и сончоглед можете да прочитате на следниов линк https://bit.ly/3SM522W

    Фото: Pixabay

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img