More

    За Левица мерките на Ковачевски се половични

    spot_img

    Зошто Владата не одлучи државната ЕСМ Продажба да ги снабдува по прифатлива цена сите државни институции, јавни и државни компании, општини и комунални претпријатија, прашува денеска Левица.

    – Половичните мерки кои вчера беа презентирани од Владата само делумно ќе го амортизираат ударот кој следи од високата цена на струјата. Зошто основните и средни училишта наместо да одат на регулиран пазар, да не бидат снабдувани од државната ЕСМ Продажба по иста цена која би ја имале на регулиран пазар, со што би се избегнала маржата спрема ЕВН Хоме? Ако се знае дека 100% од струјата за универзалниот снабдувач ја обезбедува државната ЕСМ (ЕЛЕМ) и дека маржата на ЕВН Хоме е 11,5%, се поставува прашањето зошто основните и средни училишта да одат на регулиран пазар, а да не бидат снабдувани од државната ЕСМ Продажба по иста цена која би ја имале на регулиран пазар, со што би се избегнала маржата спрема ЕВН Хоме? – прашуваат од Левица.

    Оттаму велат дека иако се знае дека ударот од кризата со електрична енергија Владата ќе го амортизира директно со народни пари, од Буџетот на државата, се поставува прашањето зошто се избегнати сите државни институции, јавни и државни компании, општини и комунални претпријатија од мерката државната ЕСМ Продажба да ги снабдува по прифатлива цена за сите. Со тоа велат од Левица би се запрел одливот на народни пари во приватни фирми кои тргуваат со струја.

    – Дали, после оваа енергетска криза, власта почна да прави разлика од домашно производство и државно производство на електрична енергија и конечно се вразуми, па под итно ќе ги прекине постапките за продажба на локациите кои се потенцијал за државно производство на струја, како што е локацијата за изградба на Чебрен и Галиште? – велат од Левица.

    Партијата апелира до Владата да прекине со импровизација и под итно да ги спроведе предлозите на Левица, со што, како што велат, би заштедиле во време за справување со кризата, а со тоа и пари на граѓаните на Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img