Американскиот Стејт департмент преку програмата „Награда за правда“ денеска распиша потерница за рускиот хакер Евгениј Викторович Гладких со награда во висина од 10 милиони долари за информација што ќе води кон негово апсење.
Ова е првпат да се нуди награда за информација за само еден кибер играч, а во рамки на понудите за награда од делот за критична инфраструктура на програмата, велат од Стејт департментот.
„Од мај до септември 2017 година компјутерскиот програмер Гладких и други заговарачи, вработени од водечка истражувачка организација при Министерството за одбрана на Русија, ги хакирале системите на една рафинерија лоцирана во САД и инсталирале штетна програма дизајнирана да спречи функционирање на рафинериските системи за безбедност, а на тој начин да не се забележи тоа“, се вели во соопштението.
Се додава дека од февруари до јули 2018 конпсираторите разгледувале да нападнат слични рафинерии во САД во сопственост на американски компании, но безуспешно.
Гладких ги извршил овие штетни кибер операции како вработен на Централниот научно истражувачки институт за хемија и механика (ЦНИИКМ) при руското Министерство за одбрана.
Се наведува дека како актер кој дејствувал под директива на странска влада и направил штетни кибер активности против критична инфраструктура на САД, Гладких потпаѓа под американскиот закон за компјутерска измами и злоупотреби.