Минатата недела привлече внимание веста дека 40.000 жители на малото Кнежевство Лихтенштајн на 29 јануари ќе одлучуваат на референдум за иницијативата за затворање на казината во оваа европска земја. Главниот аргумент на иницијаторите за затворање на игрите на среќа беше дека Лихтенштајн станал „Лас Вегас Алпа“.
Застапникот на референдумот Гидо Мајер изјавуваше дека не сака Лихтенштајн да се етаблира како казино и жариште за покер во Европа. Вицепремиерката Сабине Монуани објаснуваше дека приходот од 50 милиони швајцарски франци на годишно ниво е многу важен за буџетот на Лихтенштајн и дека радикалниот пристап со затворање на казината не го решава проблемот од зависност од игрите на среќа.
Што се случи на референдумот во Лихтенштајн?
На референдумот во неделата, високо мнозинство од 72 проценти од жителите на Лихтенштајн со гласање против ја отфрлија иницијативата за затворање на казината. Претходно и принцот Ханс Адам Втори заедно со Парламентот на Кнежевството Лихтенштајн се изјаснија против забраната за казината, оценувајќи дека негативно ќе влијае врз домашната економија. Во Лихтенштајн до 2017 имаше забрана за игрите на среќа. После укинувањето на забраната се отворија шест казина, кои редовно се посетуваат од жители на соседните Германија, Швајцарија и Австрија.
И Албанија ја напушти радикалната одлука за затворање на игрите на среќа
Во октомври лани, албанската Влада соопшти дека после четири години откако ги забрани, ги враќа игрите на среќа. Образложението на албанскиот премиер Еди Рама беше дека после забраната, игрите на среќа продолжиле да се одвиваат на црно и дека повторното легализирање на оваа дејност ќе ѝ помогне на албанската економија во време на енергетска и економска криза.
Процесите во Албанија, Лихтенштајн и Грција ги рушат аргументите на противниците на игрите на среќа во Северна Македонија
Исто како во Албанија и во Лихтенштајн, и во Грција децении наназад беа забранети објектите за игри на среќа. Бројот на казина на целата нивна територија не надминуваше повеќе од 10, кои претежно беа насочени кон туристите. Но, тоа сепак не ги спречува Грците да играат. Податоците укажуваат дека, во одредени периоди меѓу 3 000 – 5 000 Грци само во еден ден ги посетуваат казината во Гевгелија. Локалните власти тврдат дека економскиот развој на општината веќе 15 години се темели на работењето на казината и хотелскиот бизнис. Тука треба да земе предвид дека и домашните нафтени компании, стоматолозите, трговците имаат полза. Ова ги принуди грчките власти да ја менуваат ригидната политика и со нов закон во 2018 дозволија нивната државна лотарија да отвора објекти со VLT апарати. Во Грција веќе се инсталирани 36 000 апарати за игри на среќа. Очигледно е дека ниту една држава не сака нејзините граѓани да ги трошат своите пари во соседството.
Македонските асоцијации на приредувачи на игри на среќа бараат нивниот глас да се уважи
Македонските асоцијации кои ги застапуваат корпорациите кои се занимаваат со игри на среќа постојано предупредуваат дека евентуалните законски измени за дислокација на објектите ќе предизвикаат затворање на легална економска дејност и отворање на играчници на црно, на кои државата ќе нема никаква контрола. Како аргумент ја користат аферата „Детонатор“ од 2011 кога на истокот на земјата, беа конфискувани 1500 нелегално поставени покер апарати. Тие сметаат дека предлозите за дислокација на објектите нема да ги спречи граѓаните да играат игри на среќа и нема да ги задоволат дежурните критичари. Според нив искушувањето на среќата е дел од човечкиот карактер, затоа игрите на среќа ги имало и ќе ги има секогаш, се’ додека постои цивилизацијата.
Во објектите на сите категории игри на среќа во Северна Македонија се вработени речиси 10 000 луѓе, а индиректно се засегнати најмалку 23 000 граѓани, кои токму преку овие работни места обезбедуваат егзистенција. Дополнително, оваа дејност индиректно поддржува и помага речиси 54 000 работни места, а целиот економски сектор придонесува во годишниот државен Буџет финансиски средства во износ од 280 милиони евра.