Дипломатите на ЕУ во четвртокот дадоа конечно одобрение за шестиот пакет санкции против Русија, потврди дипломат за Ројтерс. Санкциите вклучуваат делумна забрана за нафта, а санкциите ќе ја опфатат и Сбербанк, која ќе биде отстранета од системот SWIFT.
Вчера беше објавено дека Унгарија повторно го блокира шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија. Да потсетиме, Унгарија побара лидерот на Руската православна црква, патријархот Кирил, еден од главните поддржувачи на агресијата врз Украина, да биде отстранет од списокот на санкционирани лица.
Според дипломатот, договорот конечно бил можен во четвртокот, откако другите 26 земји се согласиле да го отстранат поглаварот на Руската православна црква и близок сојузник на Кремљ, патријархот Кирил, од предложената црна листа, со цел да се смири Будимпешта. пренесува Ројтерс.
Договорот стапува во сила утре, освен ако една земја-членка не се спротивстави, рече дипломатот. Законското воведување санкции ќе следи набргу потоа.